Портпаролот на Локалниот изборен штаб на ВРЕДИ во Чаир, Сабри Азири, реагираше на скандалозните злоупотреби со јавни пари во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, предводено од директорот на ДУИ, Сабахудин Рустеми, нагласувајќи дека градот Скопје и општина Чаир се соочуваат со последиците од партискиот коруптивен и лош менаџмент, се наведува во соопштението на ВРЕДИ кое МИА го пренесува интегрално:
“Вчера им ги претставивме на граѓаните на Чаир, Скопје и на целата јавност шокантните факти дека раководството на ЈП ‘Комунална хигиена, предводено од Сабахудин Рустеми, потрошило над 1,4 милиони евра јавни пари за ‘сервиси’ на возниот парк, а резултатот е катастрофален, расипани возила и Скопје задушено во отпад“, истакна Азири.
Со 1,4 милиони евра, наместо клиентелистички тендери, можеа да се купат 26–27 нови комунални возила од типот Piaggio Porter за отпад, или до 40
нови средни камиони за собирање ѓубре, или над 80–90 мали комерцијални возила прилагодени за помали маала“, истакна тој, додавајќи дека „со тие пари, Скопје, Чаир и сите општини ќе имаа целосен парк на современи возила, а граѓаните ќе живееја во чиста средина“.
Азири посочи дека зад сето ова стои молкот и соодговорноста на кандидатот на ДУИ за општина Чаир, Бујар Османи.
„Бујар Османи, кој денес се претставува како загрижен лекар и добар родител, никогаш не се осмели да го повика на одговорност својот пријател, директорот на претпријатието. За него, не е важна чистотата на Чаир, туку заштитата на личниот политички углед и неговите партиските кадри“, изјави Азири.