Арсовски: Зошто СДСМ крие неколку стотици илјади евра за реклами на социјални мрежи и од каде им се?

by Fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес-конференција обвини дека од СДСМ кријат колку пари потрошиле за изборите што се одржаа на 15 јули.

„СДСМ интервенираше во 5 до 12 пред завршетокот на вонредната состојба во изборниот законик со уредба на Влада во вонредна состојба да го ограничи времето на рекламен простор низ медиумите за опозицијата, за ВМРО-ДПМНЕ, а денеска можеме да видиме од извештајот доставен до ДЗР од страна на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ дека се крајно нетранспарентни и кријат одредени ставки каде ги трошеле парите наменети за кампања и за одредени спецификации. Имено, ако се погледне извештајот на СДСМ кој е јавно достапен и за медиумите и за граѓаните, може да се види дека е најнетранспарентен и технички празен, без наведени ставки колкави суми имаат потрошено СДСМ за одредени спецификации кои што јасно се наведени во извештајот и кој што е практика јавно и транспарентно да се објават од страна на политичките партии каде ги трошеле сумите – изјави Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто СДСМ крие колку пари потрошиле на рекламни паноа и билборди, бидејќи, како што кажа, истите се јавно обзнанени уште на ждребањето во Државната изборна комисија каде што се беше транспарентно кој дел за која политичка партија припаѓа, односно кој пакет?

Поврзани новости