Армијата на САД ќе презентира воена опрема во Скопје

by fokus

Во рамки на воената вежба „DragoonGuardian 17“, што почна вчера во земјава, денеска во Скопје ќе биде организирана презентација на опремата на АРМ и на Армијата на САД во Европа. Покрај презентацијата на опремата, граѓаните ќе имаат можност да проследат кратка обука за самоодбрана, а воедно ќе биде одржан и натпревар за најмладите.

Вежбата е наменета за поддршка на целите за обука за зајакнување на стандардните оперативни процедури на инженерските и АБХО единиците од составот на АРМ, како и унапредување на заемното разбирање меѓу АРМ и ВС на САД.

Во вежбата учествуваат 300 припадници на Вооружените сили на САД кои вчера со борбени возила влегоа на граничниот премин „Деве Баир“ од Бугарија во Македонија. Вежбата официјално ќе се одвива на армискиот полигон „Криволак“, а вчера беше презентирана опремата во Куманово.

Поврзани новости