Арифи: Желбите се едно, но во опозиција може да не прати само народот со гласање

by Фокус

Верувам во процесот на преговори за формирање на парламентарно мнозинство и дека преку рационализам ќе може да најдеме коректно решение за сите, изјави потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово Теута Арифи на ТВ 24.

-Бројките се тие, во кампања може да се дадат изјави мислејќи дека ќе се добијат 20 пратеници, но кога разговарате имате тврдоглави бројки на маса. Не зборуваме за откажување од идејата за премиер-Албанец, треба да ни се верува, таа идеја станува важна идеја, но сакаме да видиме како тоа ќе се одвива низ процесот на разговори – рече Арифи.

Таа додаде дека ДУИ сама, без коалициски партнери, освои 15 пратеници, кои, според неа, би било некоректно да се игнорираат.

-Со тој легитимитет ќе ги оствариме приоритетите. Комуникации меѓу партиски членови има, но нема официјален процес. Не е дека ние се гледаме во влада, граѓаните така одлучија. Во опозиција може да не испрати само народот со гласање, желбите се едно но бројките се тие – порача Арифи.

Поврзани новости