Апасиев револтиран за двојазичните униформи: СДС ќе скапете по затвори!

by fokus

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на социјалната мрежа фејсбук бурно реагираше за двојазичните униформи во МВР.

-Не ј**ат ни Устав, ни закон!
ДВОЈАЗИЧНИ УНИФОРМИ на полицијата си вовеле со Уредба на Влада!?
СДС се најголемото зло што некогаш ја снашло Македонија.
Окупатори да бевте поише сенс за народот ќе имавте, гниди едни одродени.
Ќе скапете по затвори кога ќе се смени власта, јавно ви ветуваме!!!, напиша Апасиев на фејсбук.

Денеска пак првиот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи објави дека на денешната седница на Владата е усвоена измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик на униформите на полициските служби согласно законот.

-Уште една успешно извршена задача! Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи! На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот, напиша Артан Груби на својот фејсбук-профил.

Поврзани новости