Мртов скопјанец извлечен од Вардар

by Fokus

Вчера околу 13:30 часот било пријавено дека во водите на реката Вардар било забележано тело на машко лице, информираат од МВР.

Како што соопштија оттаму, на кеј „Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го извлекле телото од водата и било констатирано дека се работи за З.Ѓ. (74) од Скопје.

„Смрт без траги на насилство констатирала екипа од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Поврзани новости