Апасиев: Не може третиот ешалон од Груево време сега да изиграва „џандар збира“

by valentina 21:02
21:02

,,Ние сме заробена држава како по книга. Вмроидниот хибриден режим забега по само една година власт, и затоа ќе биде мањак 100.000 – 150.000 гласови. Не може третиот ешалон од Груево време, сега да изиграва „џандар збира“. Едноставно, неинтелигентни се и не се дораснати за диктатори“, вели лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев за состојбите во државата во пресрет на локалните избори.

Во интервју за „Локално“, Апасиев истакнува дека трагедијата во Кочани претставува апсолутна катастрофа – еден од најочигледните примери на длабоко вкоренетата корупција, системско уништување на институциите, злоупотреба на јавни ресурси и партиско штабско владеење кое остави трајни последици врз граѓаните.

„Токму затоа и гледаме колку се исплашени: колку повеќе нивните системски злоупотреби излегуваат на виделина, толку повеќе ја интензивираат црната кампања против Левица. Но, ова не нè запира – напротив, ги разобличува нивните методи и ја покажува потребата за радикална промена“, вели претседателот на Левица.

Слични вести