124
За еден час игра заврши настапот на најдобарата македонска тенисетка, Лина Ѓорческа на Вимблдон.
Таа во премиерниот настап на еден Гренд Слем турнир загуби од фаворизираната Американка со руски корени, Аманда Анисимова со 2:0 по сетови 6:3 и 6:2.
Ѓорческа и се спротивстави на Анисимова со сите сили, но Американката беше пресилна во овој момент.
И покрај поразот, Лина Ѓорческа испиша историја за македонскиот тенис, затоа што стана првиот македонски претставник на еден Гренд Слем, и тоа ни повеќе ни помалку на неофицијалното светско првенство во тенис – Вимблдон.