Работник почина на градежен објект во тетовско

by irena 13:10
13:10

МВР информира дека вчера попладне во 12:05 часот, по претходна добиени сознанија, полициски службеници извршиле увид во објект во изградба покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с. Доброште.

Притоа, било констатирано дека во објектот, сопственост на Р.А.(44) од с. Доброште, Ќ.С.(31) од с. Доброште, при извршување работни задачи, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во Клиничка болница Тетово од каде бил препратен во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде им подлегнал на повредите.

Увид извршиле екипи на СВР Тетово, Трудов инспекторат и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено во Судска медицина за обдукција.

Слични вести