Андриј Шевченко стана претседател на Украинската фудбалска федерација

by Fokus

Легендарниот напаѓач Андриј Шевченко е едногласно избран за претседател на Фудбалскиот сојуз на Украина.

Шевченко доби 93 од 94 можни гласови. Како делегат имал право на глас, но не го сторил тоа, стои во соопштението на ФС на Украина.

Шевченко е најдобар стрелец на украинската репрезентација – во периодот од 1995 до 2012 година, постигна 48 гола на 111 натпревари.

Освои бројни трофеи со Динамо Киев, Милан и Челси, а во 2004 година ја освои Златната топка, наградата за најдобар фудбалер во светот.

Популарниот Шева на местото претседател на Фудбалскиот сојуз на Украина го замени Андриј Павелко, кој ја извршуваше функцијата од 2015 година.

На Павелко треба да му се суди во Украина како дел од долготрајниот правен спор околу наводите за проневера.

Од 2016 до 2021 година Шевченко беше селектор на Украина, а од ноември 2022 до јануари 2023 година беше потпретседател на Украинскиот олимписки комитет.

Поврзани новости