Андоновска: СДСМ забранува да се известува за претепаниот пациент на Клиниката за кардиологија

by Fokus

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека јавноста вчера на дело ја видела политиката на Заев и СДСМ за здравството.

– Тие вчера на јавноста ѝ покажаа дека имаат намера да ги кријат проблемите во здравството, што тие поради својата неспособност ги прават наместо да ги решаваат и да понесат одговорност за нив. СДС, наместо да одговори како е можно на Клиниката за кардиологија да влезе насилник и во болничката соба, во болничкиот кревет крвнички да претепа пациент, тие им забрануваат на медиумите да известуваат за овој случај – рече Андоновска.

 

Поврзани новости