462
Германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер, одговорајќи на новинарско прашање дали е можен прием на Македонија во НАТО под привремената референца, изјави дека Германија е само набљудувач, а тоа е проблем што треба да го решат Скопје и и Атина.
„Секако дека е значајно тоа што министерот Димитров на една од првите свои средби отиде токму во Атина. Ова прашање не би сакала воопшто да го коментирам бидејќи тоа е работа на двете држави. Тука Германија е само набљудувач“, одговори амбасадорката.