Бектеши – Дукс: Унгарските компании се заинтересирани за инвестирање во Македонија

by fokus

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска одржа средба со амбасадорот на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс, на која разговарале за заинтересираноста на унгарски компании за спроведување на различни проекти во Македонија.

Дукс го информирал Бектеши дека унгарските компании биле заинтересирани да учествуваат највеќе во областа на инфраструктурата, енергетиката и на туризмот во Македонија.

„Двајцата соговорници изразија задоволство од воспоставувањето на директни летови на релација Будимпешта – Скопје – Будимпешта, од страна на нискобуџетната компанија „Виз ер“, што е причина повеќе за брзото зголемување на деловните посети и на туристите во двете земји“, информираат од министерството.

Економската соработка меѓу двете земји е во постојан пораст и трговската размена е зголемена двојно.

Поврзани новости