Алтернатива: Министерот за правда Лога од срам да си поднесе оставка,  откако Холандија прекина проект со Судскиот совет поради корупција

by Fokus

ЕУ интеграцијата на Северна Македонија веќе нема да зависи само од внесувањето на Бугарите во Уставот. Колку побрзо ја разбереме реалноста, толку подобро за сите!, изјавија од ппартијата „Алтернатива“ по изјавите на холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп.

Амабасадорот изјави дека Кралството холандија одлучило да стави во мирување проект директно поврзан со Судскиот совет поради последните случувања таму и изјави дека тоа тело е нелегитимно. Тој во интервју зборува дека се разочарани од корушпцијата која ја има во општеството, како и од тоа што случаите на некогашното Специјално јавно обвинителство се враќаат на повторни судења.

„Од холандскиот амбасадор дознавме дека заради корупција е прекинат проект наменет за Судскиот совет. Тежок скандал кој директно ги загрозува нашите Европерспективи. Не треба да се залажуваме и да мислиме дека ова е нешто што ќе помине за три дена“, соопштија од Алтернатива.

Оттаму изразуваат длабока загриженост за ваквите одлуки на Кралството Холандија.Според Алтернатива Владата која се декларира дека е посветена на ввроинтеграциите не смее да молчи за овој скандал.

„Наративот дека извршната и законодавната власт не се мешаат во третата, независна, судска власт одамна не поминуваат никаде. Особено заради бруталната партизација на секоја инстанца во правосудните органи. Затоа, министерот за правда, Кренар Лога најмалку од срам требаше веднаш да ја депонира својата неотповилива оставка“, изјавија од Алтернатива.

Според нив, домашната задача нема да ни ја заврши никој друг од надвор, туку само ние самите.

„Порано или подоцна, соочувања со правдата мора да има. Токму сега е моментот сите парламентарни партии да се согласат да се интервенира во Уставот и да се создадат правни механизми кои ќе гарантираат дека ниту еден професионален политичар кој се огрешил нема да може да ја избегне правдата заради партиско влијание во правосудството“, велат од Алтернатива.

 

Поврзани новости