Алонсо е прв фаворит за тренерската фотелја во Реал Мадрид

by Fokus

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Чаби Алонсо е најголемиот фаворит за преземање на клупата на поранешниот клуб, пренесува шпанска „Марка“.

Веќе е познато дека актуелниот тренер на „кралскиот“ клуб Карло Анчелоти од следната година ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил.

Во претходниот период се споменуваа многу кандидати за клупата на Реал, но Флорентино Перез одлучил тоа да биде Алонсо.

Алосно ја започна својата тренерска кариера пред пет години во јуниорските категории на Реал, а подоцна го презеде Реал Сосиедад.

Моментално работи како тренер на Баер Леверкузен, каде што пристигна во октомври минатата година, кога тимот беше претпоследен на табелата во Бундеслигата, а на крајот од сезоната ја освои шестата позиција и пласман во групната фаза на Лига Европа.

Во претходното издание на истото натпреварување стигна до полуфиналето со популарните „Фармацевти“ каде беше елиминиран од Рома.

Како играч, Алонсо мина пет сезони во дресот на „кралскиот“ клуб со кој ја освои титулата во Шпанија, Купот на кралот и Лигата на шампионите.

Поврзани новости