Алијанса за Албанците против обвинителот Бајрами

by Фокус

Алијанса за Албанците реагира против поставувањето на обвинителот Џелал Бајрами за претседател на Комисијата што ја формира јавното обвинителство за следење на изборни нерегуларности, кој всушност е поранешен министер од редовите на ДУИ.

„Обвинителството има воспоставено привремена комисија за следење на изборните нерегуларности, предводена од поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Џелал Бајрами, кој стана познат како асистент на Јанкулоска во политички монтираниот случај Монструм. Сите бевме сведоци за тоа како беа избирани судиите и обвинителите за време на „тефтерите“ на Јанкулоска. Назначувањето на врвот на комисијата кадар што е целосно партиска личност, а кој би требало да биде независен, многу јасно укажува за намерата на хибридниот режим да манипулира со изборите“, велат од партијата на Зијадин Села.

Инаку, Бајрами и на ланските предвремени парламентарни избори ја предводеше привремената комисија за испитување изборни нерегуларности што ја формираше Обвинителството.

Поврзани новости