Алијанса за Албанците на седница на претседателството одлучува за преговори со Владата

by Fokus

Претседателството на Алијанса за Албанците во седиштето во Тетово ја започна најавената средба по одлуката минатиот викенд на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим за учеството на партијата во Владата. Од 17 часот заседава ова партиско тело што треба да одлучи за тоа кој ќе учествува во тимот за преговори со Владата.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред почетокот на седницата кратко најави дека ќе се формира тим за преговарање но претходно ќе ги слушне ставовите на членовите претседателството.

Да разговараме, прво да се видиме, да разговараме. Прво да ги слушнам сопартијците. Ќе има тим за преговори, рече Таравари.

Поврзани новости