Алаѓозовски ќе ја одглавува изградбата на Турски театар со турска помош

by fokus 14:33
14:33

Изградбата на новиот објект на НУ Турски театар ќе биде завршена во соработка со генералниот директорат на државните театри на Република Турција. Објектот почна да се гради во 2014 година, а камен темелник удрија тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, и тогашниот премиер, Никола Груевски. Четири години подоцна објектот е се уште во фаза на карабина.

Како што изјави денеска министерот, Роберт Алаѓозовски, карабината е изработена и веќе подолго време театарот стои незавршен. Согласно заедничките преговори со Република Турција се заложиле заедно да го довршат.

- Advertisements -

– Продолжуваме со нашата политика на одглавување на капиталните проекти. Како што ги одглавивме Тетовскиот театар, зградата на Албанскиот театар и Македонската филхармонија, ова е уште еден објект кој треба да го ставиме во функција. Се уште расплеткуваме неколку ситуации околу плаќањата, дали правилно се исплатени одредени фактури, дали одредени барања дадени на суд се исправни, објективни. Се надеваме дека во многу скоро време и тоа ќе го расчистиме за да можеме за втората фаза да стартуваме со чиста ситуација – додаде Алаѓозовски.

Во објектот, рече тој, можат да се сместат и други институции или невладини организации.

Одговарајќи на новинарско прашање Алаѓозовски рече дека пропустите во изградбата се од објективна природа односно откриени се подземни води внатре во подрумските простории кои треба да бидат искористени за паркинг места. Истакна дека тоа барало промена на проектната документација и намалување на подземната катност на објектот. – Поради тие причини објектот ја зголемил цената на чинење, а поради тоа се одолговлекла изградбата, додаде Алаѓозовски.

Според генералниот директор на Генералниот директорат на државните театри на Република Турција, Мустафа Курт, пак, незавршувањето на изградбата на објектот е од политичка природа.

– Тоа можеше и требаше да се направи порано. Во минатата Влада Турците беа ставени на маргините на настаните. Тие три години т.е. од 2008 година можеа не вакви театри, туку цел град да изградат, но не изградија. Дваесет илјади метри квадратни со една подземна катна гаража кажува дека дилетантски е работено. Секој кој испитувал геолошки знаел дека тука има подземни води – рече Ќахил и праша зошто баш тука каде има подземни води почнала изградбата.

Поврзани новости