Ако Србија е вмешана во случувањата на Косово, Македонија да го преиспита учеството во Отворен Балкан, бара Османи

by fokus

Србија треба да направи напор и да докаже дека не е вмешана во случувањата на северно Косово, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашната Топ Тема на Телма.

-Таа беше добронамерна идеја, меѓутоа мислам дека после случувањата во Косово на 24 септември, навистина треба Србија да направи напори и да докаже дека не се вмешани во тој настан.

Бидејќи доколку има било какво државно вмешување навистина го прави невозможно нашето учество и на другите земји во регонот, бидејќи идејата на Отворен Балкан беше помирување. Ова што се случи во северно Косово со нападот, се надевам дека ќе се докаже дека нема државно вклучување, но ако се докаже навистина мислам дека треба да го преиспитаме нашето учество, рече Османи.

Поврзани новости