АХВ: Преземни се сите мерки за справување со болеста антракс кај овците во кичевско

by Fokus

Во селото Долно Строгомиште во Кичевско, навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста антракс, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ)

Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се спалени и нештетно отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција. Донесена е и  забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето.

Ја информираме јавноста дека засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште. Соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар.

Нагласуваме дека заболени луѓе од антракс нема. Нови случаеви на појава на болеста кај добитокот нема.

Одржан е итен соостанок на Комисијата за заразни болсети при Министерството за здравство, спроведени се и епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, а се врши и едукација на населението од ова населено место.

Се спроведува интерна постапка за утврдување на почитување на пропишаните процедури во случај на појава на зоонозни болести кај животните.

Наредена е мерка спроведување на вакцинација кај добитокот против болеста Антракс во оваа населено место.

Како одговорна институција, апелираме ваквите состојби да не се злоупотребуваат и користат во политички цели, непотребно да не се менипулира и злоупотребува народот, туку да се верува на институциите кои се грижат за заштита и на здравјето на граѓаните и на животните“, велат од АХВ, алудијарќи на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ во врска со овој случај, за што велат, се крева непотребна паника.

Поврзани новости