Стружанец пукал на свадба, полицијата го привела

by Fokus

Жител од струшкото село Боровец пукал на семејна веселба по што бил приведен од полицијата.

Инцидентот се случил во петокот околу 23 часот.

Н.С.(50) при семејна веселба во неговиот дом го нарушил јавниот ред и мир со пукање од пиштол, што легално го поседувал.

Откако случајот бил пријавен, полицијата го уапсила Н.С.

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани новости