Ахмети: Велигден не потсетува на триумфот на светлината над темнината

by Фокус

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска им го честита на сите православни верници празникот Велигден. По овој повод, Ахмети на сите верници им посака здравје, бериќет и радост.

„Благословени да бидат вашите семејства на овој празник на воскресението. Велигден не потсетува на триумфот на светлината над темнината, на животот над смртта и во суштина на воскресението на надежта и верата. Честит Велигден и за многу години“, се вели во честитката на Ахмети.

Поврзани новости