Ахмети: Ставовите со Заев ни се слични, деновиве ќе донесеме одлука

by fokus 23:34
23:34

-Нема многу разлики меѓу ставовите на ДУИ и СДСМ, изјави Али Ахмети по средбата со Зоран Заев во Мала Речица. Тој рече оти има уште некои несогласувања околу албанскиот јазик, но дека разликите биле мали.

-Употребата на албанскиот јазик со устав е загарантирана. Деновиве ќе го свикаме Централното претседателство за да донесеме важна одлука. Во меѓувреме, очекуваме експертите да најдат решенија. Нема многу разлики меѓу платформите на ДУИ и СДСМ. Денеска не разговаравме за потписите, туку за различните ставови на партиите- изјави Ахмети.

По средбата во Мала Речица, со оптимизам излезе и Зоран Заев, кој рече дека партиите се блиски до договор. Тој потенцираше дека нема да дозволи промена на Уставот за решавање на јазичното прашање, дури и по цена да не ги добие пратеничките потписи од ДУИ, кои му се неопходни за добивање мандат за состав на влада.

Поврзани новости