Ристова: Казнети се судиите што не слушаа наредби “од горе”

by fokus

Прераспределбата на пониски позиции на дваесетина судии од Кривичниот суд има политичка заднина, смета судијката Оља Ристова, која е една од ретките судии што се одважи да го дигне гласот против партизацијата на судот.

Според неа, ова е превенција-одредени судии да не можат да постапуваат по важни предмети, како на пример случаите на СЈО, бидејќи се работи за реномирани судии кои не подлегнале на притисокот.

Во изјава за НОВАТВ, Ристова вели и дека со прераспределбата на судиите се прави директен удар врз СЈО.

-Имајќи ги во предвид кадровските промени во судот со кои сте судии за кои постои претпоставка дека се независни во постапувањето и не може врз нив на било кој начин да се влијае при донесувањето на одлуки, односно така наречените “непослушни судии“ се распоредени во оддели во кои СЈО не може да поведе постапка, тоа е единствениот логичен заклучок. Смените во судството се удар за СЈО –вели Ристова.

Инаку, меѓу прераспределените судии се најдоа имињата на судијките кои им дозволија претреси на СЈО во УБК и во станот на Коста Крпач, а му дадоа и притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески. На пониски позиции се ставени и сите судии кои јавно се пожалија од работата на експретседателот на судот Владимир Панчевски.

Судијката Ристова потенцира дека токму несогласувањата со Панчевски биле причина за нејзината прераспределба на пониска позиција. Вели дека судот ја казнил зашто одбила да ја слуша наредбата и да гласа за отфрлање на „бомбите” како докази во предметите на СЈО.

Поврзани новости