Груевски дојде да го судат, судењето се одложи

by fokus

Обвинетиот во случајот со насилствата во општина Центар, Никола Груевски, заедно со другите обвинети денеска дојде во Кривичниот суд во Скопје каде требаше да се одржи главната расправа по предметот. Сепак, судијата ја одложи расправата.

Обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи заработија и казни од по 1.000 евра. Јанева и се обрати на судијката со зборовите „не заслужуваш да бидеш судија“, по што беше казнета.

Во случајот се обвинети се 14 лица, од кои пет како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Освен Никола Груевски, обвинети се и поранешниот министер Миле Јанакиескии, како и поранешната советничка Даниела Рангелова.

Поврзани новости