Ахмети: Ова беше еден од најплодните состаноци

by fokus

Ова беше еден од еден од најплодните состаноци. Бевме информирани за средбата меѓу Заев и Ципрас, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по координативниот состанок со државниот и политичкиот врв за новите предлози во спорот за името.

-Високо го ценам дијалогот за потрага по решение. Ова е почетокот на крајот на еден процес за Македонија. Важно е да бидеме дел од НАТО во мир и стабилност – додаде тој.

Претседателот Ѓорѓе Иванов рече дека сите вакви средби се неопходни. Како што рече тој бил презентиран предлогот на Нимиц, но не сакаше да открие детали.

-Процесот се води во рамките на Обединетите нации и потребно е тоа да биде одговорно во рамките на македонските интереси, а да не биде на штета на граѓаните -изјави Иванов.

Поврзани новости