Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Македонија Кристијан Тимоние.
-Ахмети и Тимоние разговараа и околу политичката ситуација и изборите на 11 декември како и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Ахмети ги изрази ставовите на ДУИ за политичката ситуација велејќи дека секој треба да го даде својот придонес за веродостојни и сеопфатни избор. Ахмети не верува дека може да има активности на штета на изборниот процес како и истакна дека ДУИ е против секој обид за заплашување или условување на гласачите – стои во партиското соопштение.
Ахмети ја истакнал потребата од француската поддршка за силно продолжување на Евроатлантската перспектива на Македонија и му му честитал на амбасадорот за новата задача.