Груевски не бил поканет на Самитот на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 11:46
11:46

На Самитот на Европските народни партии (ЕНП), кој се одржа во Мастрихт, Холандија во четвртокот, од Македонија добил покана само премиерот Емил Димитриев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не бил поканет, па затоа партијата која е член на оваа асоцијација на европските демохристијански партии, не учествувала на самитот, изјавија од ЕНП за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Претходно од ВМРО-ДПНЕ со соопштение испратено до јавноста рекоа дека одбиле да учествуваат на Самитот поради набиената политичка агенда во предизборитето.

- Advertisements -

-ВМРО-ДПМНЕ редовно учествува на настаните и на конференциите на Европската народна партија. На поканата за самитот на ЕНП во Мастрихт, навремено одговоривме и ги известивме нашите партнери од ЕНП дека оваа недела приоритет ни беше распуштањето на Собранието, распишувањето на изборите и присуството меѓу граѓаните во локалните средини- изјавија тогаш од партијата.

Портпаролот на ЕНП, Зигфрид Муресан за САКАМДАКАЖАМ.МК рекол дека на самитите на асоцијацијата се канат само највисоко рангираните политичари и поканата не може да се пренесе на друг.

Поврзани новости