Ахмети: Не сме нечија опашка, ниту претходно на Груевски, ниту сега на Заев

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју на вториот канал на МРТВ, истакна дека партијата нема да се откаже од принципот за консензуален претседателски кандидат.

– Излегуваат со изјава дека ќе прават Конгрес. На туѓа свадба не одам. Ниту на свадба непоканет не одам. Овие неодговорни потези на СДСМ, на неколку нивни високи претставници се некоректни. Ние не сме ничија патерица, ниту, пак, сме нечија опашка. Ниту претходно на Груевски, ниту сега на Заев. Направивме длабока анализа и решивме да излеземе со наш кандидат – рече Ахмети.

Поврзани новости