Ахмети ја посоветува опозицијата да соработува со власта и со меѓународната заедница

by fokus

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со Филип Рикер и порача на опозцијата дека треба да соработува со сите политички фактори во државата, но и со меѓународната заедница за да се донесе новиот закон за обвинителство.

-Разговаравме за повеќе прашања во врска со нашите напори за владеење на правото во нашата држава. Исто така разговаравме за законот за ЈО, за постигнување резултати во реформите посебно во судството како и за натамошен напредок на односите со соседите. Затоа е потребна подобра и посилна комуникација. Меѓународната заедница како стратешки партнер на земјава бара што е можно поскоро да се усвои законот за ЈО. Што се однесува до опозицијата тие би требало да имаат предвид дека треба да комуницираат и да соработуваат со политичките сили во земјата но и со меѓуародната заедница затоа што прашањата се меѓусебе поврзани, изјави Ахмети по средбата со Рикер.

Поврзани новости