Супституцијата на растот на придонесите ќе важи за сите вработени

by fokus

Мерката за супституција на растот на придонесите во државата ќе важи за сите гранки и вработени, најави денеска премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката „Таб Мак“ во Пробиштип.

-Тоа се околу 800.000 граѓани, заедно со јавната админситрација, финансиските институции и слично, секако и Владата е тука, како работодавач и општините. Се уште ги правиме анализите за финансиските аспекти. Тоа што треба да знаат граѓаните е дека државата нема да се задолжува за оваа мерка, рече Заев.

Премиерот укажа дека оваа мерка ќе ja  почуствуваат и работниците, земјоделците, пензионерите, стечајните работници, како и социјалните случаи.

-Веруваме дека зголемената финансиска моќ на сите ќе значи и комплетно иницирање поголем, побрз, динамичен развој во општеството. Но, верувам дека после летните одмори ќе можеме тој пакет на мерки да го испорачаме, истакна Заев.

Оваа мерка, дополни вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, се уште се анализира, но ќе има сериозен импакт во неколку области.

-Прво во справувањето со сивата економија, второ за намалување на одливот на граѓани од државата, односно иселувањето на младите луѓе, бидејќи единствен начин како за да ги задржите младите во ера на дигитализација, слободен пристап на информации и слободно движење, е да им понудите најдобри можни услови во државата, потенцира Анѓушев.

Поврзани новости