Абазовиќ: Бајден може да го спаси Западен Балкан од руско и кинеско влијание

by Fokus

Црногорскиот премиер во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека САД се најважниот надворешнополитички партнер на Подгорица и оти американскиот претседател Џо Бајден може да го спаси Западен Балкан од потпаѓање под руско и кинеско влијание.

Тој во интервју за Д Павловиќ Тудеј (The Pavlovic Today) оцени дека корупцијата е генератор на национализам, пренесоа денеска црногорските медиуми.

– Мојата порака за Бајден е едноставна. Претседателот Бајден треба да ги користи извршните наредби за да санкционира лица кои се вмешани во корупција на високо ниво на Западен Балкан. Тоа е најдобриот и наједноставниот начин претседателот Бајден да го спаси Западен Балкан, истакна Абазовиќ

Поврзани новости