Делови од Центар без вода

by Fokus

Поради  дефект на улица „Орце Николов“ (кај „Вардар Мебел“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Алберт Ајнштајн“ и „Домбас“, како и дел од булевар „Илинден“.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот на снабдувањео со вода ќе трае од 09:00 часот до санирање на дефектот.

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска, од 10:00 часот, поради дефект на улица „Среќко Пужалка“, број 25, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од оваа улица, како и од улицата „Товарник“ во населба Ченто.

Корисниците без вода ќе бидат од 10:00 часот до санирање на дефектот.

Поврзани новости