Почина 18 месечно дете – се напи бензин

by irena 16:13
16:13

Трагедија се случи во Неа Аликарнасос, Ираклион (Грција) каде што 18-месечно момче го загуби животот откако се напи бензин во семејниот дом.

Таткото на детето ги опиша драматичните моменти што се случија.

Тој објасни дека неговата сопруга била дома со детето. Двајцата биле во бањата, кога мајката се свртела настрана само на неколку секунди.

Малото момче отворило ниско поставено шкафче во бањата и пронашло мало шишенце во кое имало бензин.

„Тој го отвори и се напи. Сопругата во тој момент сфати што се случува, но не успеа навреме да го спречи – тој веќе се напи“, рече тој.

Во болницата следеа драматични часови, додека лекарите се бореа да го спасат детето. Состојбата на малото момче нагло се влоши, тоа падна во кома и почина. Никогаш нема да го заборавам мојот мал Захаријас. Никогаш не ги испуштајте децата од вид“, рече таткото со треперлив глас.

Родителите на 18-месечното дете беа уапсени поради изложување на малолетно лице на опасност по живот.

Слични вести