Форумот на жени на СДСМ утре, во 18.00 часот, во Охрид, ќе излезе на протест пред СВР Охрид!
Како што информираат, „Во знак на поддршка на младата Сара и нејзините блиски, во знак на поддршка на сите жени жртви на насилство и во знак на протест за нефункционалните институции водени од ВМРО кои ги штитат насилниците. Ги повикуваме и граѓаните на Охрид да се приклучат на протестот и заеднички да испратиме јасна и гласна порака дека насилството, прикривањето и заштитата на насилниците мора да престанат и да следува одговорност!“.
„Сара заслужува правда, сигурност и заштита, како и секоја жена. Не смее да има заташкување на насилството, одговорност мора да има без разлика на партиски, семејни и политички врски. Доста е молк! Доста е неказнивост! Доста е заштита на насилниците. За Сара. За сите жени. За правда и одговорност! Да бидеме заедно, гласни и истрајни. Охрид мора да испрати порака дека насилството нема да помине!“ стои во повикот.