Во ситуација кога пресудата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Раџеп Селими придонесе состојбата на Косово да биде наелектризирана до максимум, пресудни таа да не излезе од контрола се два моменти. Прво, затоа што не се донесе пресуда за злосторства против човештвото, како најтешка форма на обвинителниот акт пред Специјалниот суд за Косово во Хаг. И, второ затоа што судијата што ја изрекуваше пресудата јасно стави до знаење дека со овој процес не и се суди на ОВК и на борбата за независно Косово, вели во видео-интервју за „Фокус“ главниот уредник на Лидери.мк Исен Салиу, долгогодишен новинари и добар познавач на политичките прилики на Косово и во Македонија.
Во интервјуто Салиу ја апострофира и брзата реакција на меѓународната заедница по пресудата во која се повика „сите страни да ја почитуват пресудатаи да не придонесуваат за подигнување на тензијата со запаллива реторика“, а зборува за можното непосредно влијание на политичката ситуација и во Македонија со оглед на блиските врски што ДУИ ги негува со партијата на Тачи и Весели од една, и на владејачката ВРЕДИ со партијата на косовскиот премиер Албин Курти.
Подготвиле:
Зоран Фиданоски и Орце Костов