2
МВР информира дека вчера околу 11:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Димитар Влахов“ во Струга, товарно возило „фиат добло“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот А.С. од Струга, удрило во 76-годишната В.П. од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П., констатирани во Медицински центар Струга.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.