Мицкоски контра Филков – смета дека не треба ревизија за Бадентеровото мнозинство, а Рамковниот договор е завршена тема

by irena 21:54
21:54

Бадентеровото мнозинство е дел од Охридскиот рамковен договор, а тој, пак, е дел од Уставот“.

Ова е одговорот на премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали како влада размислуваат за ревизија на ова прашање, откако претходно министерот за правда Игор Филков во интервју за Фокус“ рече оти можеби е дојдено време да се размисли за потребата од ревидирање на Бадентеровото мнозинство.

Мицкоски вели дека Рамковниот договор е исполнет во целост и оти тоа е завршена тема, а она што претставувало суштински и институционален проблем, алатката балансер“, која беше укината од страна на Уставниот суд, сега би требало да се реши со Закон за правична застапеност во кој покрај етничката, ќе има и компонента која ќе оценува согласно квалитетите и компетенциите на кандидатите за вработување.

Тој е моментално во Венецијанската комисија, од каде се чека мислење, така што очекувам кога ќе го добиеме тоа мислење Законот да го ставиме на гласање“, рече Мицкоски.

Претходно денеска, портпаролот и потпретседател на ДУИ – Арбр Адеми, на прес-конференција рече оти ваквите идеи за ревизија се опасни бидејќи така се заоструваат и нарушуваат меѓуетничките односи и оти јавноста е сведок како оваа влада од почеток има агенда системски да го нападне Охридскиот мировен договор, што се покажало со конкретни дела како укинување на балансерот“, непочитувањето на правичната застапеност и непочитувањето на албанскиот јазик и Законот за албански јазик.

Филков во интервју за Фокус“ меѓу другото рече дека се надева оти Собранието ќе ја заврши домашната задачи и нема да дозволи правен вакуум, но доколку тоа не се случи, значи дека употребата на Бадентеровото мнозинство се злоупотребува и ако е така, тогаш можеби е дојдено време да се размисли за потребата тоа да се ревидира бидејќи Македонија мора да оди напред.

Синоќа поранешниот шеф на дипломатијата и актуелен кандидат за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ДУИ – Бујар Османи, реагираше на овој наслов на Фокус“ на социјалните мрежи, велејќи дека со ова се потврдува дека планот за демонтирање на Охридскиот договор се реализира чекор по чекор.

Слични вести