43-годишен човек почина откако бил прегазен од камион кој се движел во рикверц

by fokus

43-годишен жител на село Отља почина, откако бил прегазен од камион кој се движел во рикверц.

„На улицата улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки, вчера околу 14:00 часот Џ.Ј. (46) од село Липково-кумановско, движејќи се наназад со товарно моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици го прегазил Ќ.А. (43) од село Отља, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот“, пренесува МВР.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб

Поврзани новости