30-дневен притвор за седум лица поради ископување и продажба на археолошки предмети

by Fokus

Судот им определи 30 дневен притвор на седуммина од вкупно 13 осомничени за ископување и продажба на археолошки предмети со непроценлива вредност против кои МВР поднесе кривични пријави. За едно лице, изречени се мерки за обезбедување присуство.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека сите осомничени се товарат дека сториле кривично дело злосторничко здружување. Покрај ова, осомничените сториле и други кривични дела и тоа: изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, прикривање и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„По едногодишна коодинирана акција со Министерството за внатрешни работи е утврдено дека тројцата првообвинети со цел стекнување на противправна имотна корист создале група со која на територијата на Република Македонија превземале заедничи или поединечни дејствија на присвојување на добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости. Информациите меѓусебно ги споделувале и заедно или самостојно, заминувале на археолошките локалитети каде што вршеле мерења на теренот, а потоа користејќи детектори за метал, самите или со други лица, вршеле илегални ископувања“, соопшти Обвинителството.

Поврзани новости