Боки и испраќал фотографии на Јанева од мебел со порака ” Одбрав, стигнати се”!

by fokus

На денешното рочиште за случајот “Рекет”, беа прочитани смс пораки кои обвинетите Бојан Јовановски и екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева си ги испраќале на “Whats App”.

Нивната комуникација започнала на 25 февруари 2019 година.

Боки 13 на Јанева и испраќа неколку фотографии од мебел, со коментар “Одбрав, стигнати се”!

Јанева не му враќа на пораката, односно обвинителката Ивана Трајчева не прочита одговор.

На денешното рочиште за “Рекет” продолжи изведувањето на материјалните докази обезбедени од обвинителството.

В.В.

 

Поврзани новости