Одбраната во ТНТ ќе ги предложи Катица Јанева и Амзоски за сведоци

by fokus

Одбраната на обвинетиот Тони Трајковски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба обвинет во случајот ТНТ, ќе ги предложи како сведоци во постапката поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и оштетениот во овој случај, Ардијан Амзоски.

Додека на Јанева и се суди за случајот Рекет, обвинетите ги спорат нејзините обвиненија откако беше разрешена за нестручно и несовесно работење. Адвокатот на Трајковски, Јовица Страшевски во воведните зборови ја објаснуваше сомнежот кон разрешената обвинителка. Тој го искористи сведочењето на Бурим Рустеми кој е обвинител во ТНТ, против својата поранешна шефица и порача дека сега веќе има сомнеж за обвиненијата кои ги потпишувала Јанева со оглед на тоа дека против оштетениот во ТНТ,  Амзоски се водела кривична постапка во СЈО. Оваа постапка била повлечена откако Амзоски платил 200.000 евра на невладината на Бојан Јовановски, “Меѓународен сојуз”  за непостоечки објект.

Трајковски порача дека овој процес е политички монтиран.

Пет минути пред судењето Страшевски поднел три поднесоци до судот и бара доказите и сведоците пак да се сослушуваат. ТНТ почна од почеток.

ТНТ почна од почеток, адвокатите го спорат и обвинителот и “бомбите”

Ф.Ф.С.

Поврзани новости