27 мигранти загинаа во бродолом во Италија

by fokus

Најмалку 27 тела на мигранти се пронајдени на плажа во јужна Италија по бродолом во близина на источниот брег на Калабрија, јавија италијанските медиуми.

Потврдено е дека се спасени околу 40 луѓе, а спасувачката операција се уште е во тек.

Италијанското државно радио јави дека  мигрантите се удавиле откако нивниот брод со повеќе од 100 луѓе се превртел крај брегот на јужна Италија.

Пронајдени се околу 40 преживеани, изјави портпаролот на противпожарната служба и додаде дека спасувачката операција се уште трае.

Поврзани новости