За СДСМ Мицкоски е заложник на Апасиев

by fokus

Извесно е дека парламентарните избори ќе се случат во 2024 година, а на тие избори Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев одново ќе биде поразен затоа што постојано ги лаже граѓаните, велат во денешното соопштение од СДСМ.

-Христијан Мицкоски капитулираше со неговите најави за предвремени парламентарни избори во месец мај, откако како што велеше тој, во февруари Собранието ќе се распуштело. Секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави или предвиди, се случува токму спротивното. Февруари изминува, а не само што нема ново мнозинство, не само што нема распуштање на Собранието, туку парламентарното мнозинство се зголеми и зајакна, велат од СДСМ.

Поврзани новости