464
Специјалната обвинителка Катица Јанева, пред малку, пред Советот на јавни обвинители ја даде заклетвата дека професионално и чесно ќе ја извршува новата функција. Таа им се заблагодари на сите за нејзиниот избор.
-Им благодарам на политичкиот и меѓународниот фактор што ме избраа. Денеска сум сама, а за еден месец ќе ме видите со мојот тим., истакна Јанева, која додаде дека денеска нема да одговара на новинарски прашања, а ги упати новинарите сите прашања кои ги имаат да и ги испратат по електронска пошта.