Последните 24 часа се евидентирани 92 деца мигранти без родители

by Фокус 11:51
11:51

Само во последните 24 часа се издадени  потврди на вкупно 2.107 странски државјани, од кои, 1.315  се од машки пол, 299  се од женски. Ако бегалската криза ја проанализираме низ бројки, и тоа официјалните, заклучокот е дека бегалската криза е масовна, а десетици илјади бегалци веќе минале низ македонска територија во потрага по засолниште и нов дом.

Иако се неизбежни во бегалската статистика, сепак  многу се позагрижувачки, бројките со децата. Само за последното деноноќие службите запишале 92 деца кои патуваат без родител. За некои од нив се грижат повозрасните, а некои се едноставно дел од колоната патници и само ги следат постарите во надеж дека некој ќе им помогне. Ако се знае дека кризата трае со месеци, а сигурно ќе продолжи и престојната есен, тогаш барем десетина илајди деца кои останале без родители поминале низ Македонија.

- Advertisements -

Ако се следат полициските соопштенија речиси секојдневно илјадници мигранти од државите во кои беснеат војни се на пат низ Балканот. Несомнено дека Македонија им е неизбежна на патот кон државите од Европската Унија. И натаму најголем број од мигрантите се од Сирија, само последните 24 часа се пријавиле 1 400 бегалци. Иако од Авганистан и Ирак има помалку мигранти сепак секојдневно се споменуваат во неколку стотици. Уште една бројка која ја потврдува масовноста за бегалската криза е 80 илјади регистрирани мигранти во Македонија за последните три месеци, а дури 65 илајди се сиријци. Состојбата на границата воопшто не укажува дека ќе се намали интензитетот.

 

 

Поврзани новости