Со лажна сообраќајка измамен уште еден пензионер, останал без 14.000 евра

by valentina 12:26
12:26

Уште една измама со лажна сообраќајка е регистрирана во полицискиот билтен, откако бил измамен 74-годишник од Чашка, за 14.000 евра.

-На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Слични вести