(ВИДЕО) Песочна бура е можна причина за верижниот судар на 42 возила во Будимпешта

by fokus

Можна причина за верижниот судир на унгарскиот автопат во кој учествуваа 42 возила, е бура од прашина која најверојатно нагло ја намалила видливоста, напиша на Фејсбук операторот на унгарските автопати.

Портпаролот на националната служба за итни случаи, Пал Ѓорфи, одбил да ја открие можната причина за несреќата, јавува унгарската телевизија М1.

Полицијата соопшти дека судирот, во кој учествувале пет тракторски приколки и 37 други возила, се случил на автопатот М1 на околу 24 километри западно од главниот град Будимпешта.

Се запалиле 19 возила, а повредени се 36 лица, од кои едно е опасно по живот, а 13 со тешки телесни повреди.

Унгарската национална управа за управување со катастрофи соопшти дека пожарите на возилата се изгаснати и дека четири спасувачки хеликоптери, како и противпожарни и спасувачки екипи од голем број околни градови, пристигнале на местото на настанот за да ги санираат повредените.

Поврзани новости