МВР: Вработен во ЈСП се заканил дека ќе постави бомба во еден од автобусите

by fokus

Откако утринава беа повлечени сите автобуси на ЈСП, поради дојава за бомба, од МВР велат дека заканата дошла од вработен во јавното претпријатие.

-Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за „Фокус“.

Поврзани новости