Заев утре ќе се сретне со Курц во Виена

by Фокус

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев утре ќе учествуваат на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“, што се одржува во Виена, Австрија.

Заев ќе има обраќање во рамките на дебатата на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“, а Анѓушев ќе говори на првата пленарна сесија „Живееме во дигитално време! Визија и реакција на инвеститорите“.

Предвидено е во текот на денот Заев да оствари средба со министерот за надворешни работи и иден канцелар на Австрија, Себастијан Курц.

Поврзани новости